Фото: Твитер/Голден стејт

По пет фи­на­ли­ња по ред и три осво­е­ни ти­ту­ли (2015, 2017, 2018 го­ди­на), Гол­ден стејт па­у­зи­ра­ше во прет­ход­ни­те две го­ди­ни, но се­га е на до­бар пат да го освои сед­ми­от златен пр­стен во ко­шар­кар­ска­та НБА-ли­га. Гол­ден стејт во пет­ти­от фи­на­лен меч со Бостон до­ма сла­ве­ше со 104-94 и во­ди со 3-2 во по­бе­ди (се игра до че­ти­ри по­бе­ди). Тимот од Сан Франциско прв­пат по­ве­де во фи­нал­на­та се­ри­ја со Бо­стон, кој во­де­ше со 1-0 и со 2-1. Ше­сти­от меч е во Бо­стон в пе­ток на­у­тро.

По че­ти­ри ме­ча во кои по­стиг­на 34, 29, 31 и 43 по­е­ни, Стеф Ка­ри од Гол­ден стејт уфр­ли 16 по­е­ни (со осум аси­стен­ции), при­тоа по­ста­ви ли­чен не­га­ти­вен ре­корд во уда­рот за три по­е­ни, не по­го­ду­вај­ќи ни­ту ед­наш од де­вет оби­да, што не му се слу­чи­ло во до­се­гаш­ни­те 132 оди­гра­ни пле­јоф-ме­ча.

И две­те еки­пи сла­бо шу­ти­раа за три по­е­ни, Бо­стон 11/32, а Гол­ден стејт 9/40, од кои 14 про­ма­ше­ни во ни­за. Нај­до­бар кај Гол­ден стејт бе­ше Ен­др­ју Ви­гинс со 26 по­е­ни и 13 ско­ка, а го сле­де­ше Клеј Томп­сон со 21 по­ен. Кај Бо­стон (кој е ре­кор­дер со Лос Анџелес леј­керс со по 17 ти­ту­ли), нај­пре­ци­зен бе­ше Џеј­сон Теј­тум со 27 по­е­ни, на кои до­да де 10 ско­ка и че­ти­ри аси­стен­ции. Г.И.