КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ

Кошаркарите на Голден стејт поведоа со 2-0 во победи во финалето на Западната конференција на НБА-лигата, откако во вториот меч на домашен терен го победија Далас, со 126-117. Играчот на Далас, Лука Дончиќ, постигна 42 коша, а имаше осум асистенции и пет скока, но тоа беше недоволно за победа.
Голден стејт до победата дојде во вториот дел, откако во првиот губеше со 58-72, за на крајот да остварат и убедлива победа. Покрај Дончиќ, во редовите на Далас одличен беше и Брансон со 31 поен, а кај ривалот Стеф Кари беше најпрецизен со 32 коша. Следните два меча се играат на теренот во Далас.
Најдобриот тим на Истокот, Мајами, успеа да го врати изгубениот брејк против Бостон, откако славеше на гостувањето со 109-103 и поведе со 2-1, во финалната серија. Решавачка беше првата четвртина, која Мајами ја доби со 39-18. Во втората четвртина теренот го напушти поради повреда Џими Батлер. Во редовите на Мајами најефикасен беше Бем Адебајо со 31 кош, а кај поразениот тим Џејлен Браун уфрли 40.