КОШАРКА – НБА, ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Кошаркарите на Голден стејт се пласираа во финалето на Западната конференција откако го совладаа Мемфис со 110-96 и со вкупно 4-2 во победи се меѓу најдобрите четири екипи сезонава во НБА-лигата.
Клеј Томпсон беше најефикасен кај победникот со 30 поени, од кои осум тројки, а Стеф Кари постигна поен помалку. Кај Мемфис, за кој повторно отсуствуваше Џа Морант, предничеше Дилон Брукс со 30 коша.
Повеќе од половина од поените, Голден стејт ги реализира од дистанца, односно уфрли 20 тројки од 53 шута, со што во голема мера го намали моралот кај противникот, кој, пак, до средината на последната четвртина беше рамноправен ривал на теренот.
Во финалето на Западната конференција, Голден стејт ќе игра со подобриот од дуелот Феникс и Далас, кои, пак, денеска рано утрово требаше да го играат решавачкиот седми дуел. На Истокот во финалето ќе играат Мајами и Бостон или Милвоки. Г.И.