Фото: Игор Бансколиев

Бостон досега 17 пати бил шампион во НБА-лигата (толку титули има и Лос Анџелес лејкерс) и чека на титулата од 2008 година. Голден стејт освојувал шест шампионски прстени, а не бил првак од 2018 година

КОШАРКА – НБА, ФИНАЛЕ

Бостон ја искористи втората меч-топка, го освои првото место во Источната конференција победувајќи го Мајами на гости со 100-96, во решавачкиот седми натпревар од серијата четири победи во плејофот на кошаркарската НБА-лига.
Во големото финале за шампионскиот прстен и за враќање на титулата во Масачусетс по 14 години, а за вкупно рекордна 18-та, Бостон ќе игра против победникот на Западната конференција, Голден стејт.
Бостон е формиран во 1946 година, а натпреварите ги игра во салата „Гарден“. Досега 17 пати бил шампион во НБА-лигата (толку титули има и Лос Анџелес лејкерс), а не бил првак од 2008 година.
Голден стејт е формиран во 1946 година, прво под името Филаделфија, а сегашното име го носи од 1971 година. Мечевите ги игра во „Чејс центарот“ во Сан Франциско. Досега освојувал шест шампионски прстени, шести пат во 2018 година.
Првиот натпревар од финалната серија (се игра до четири победи, по распоред 2-2-1-1-1) се игра в петок рано наутро по средноевропско време, во Сан Франциско.


НАЈМНОГУ ТИТУЛИ ВО НБА

Бостон 17
ЛА лејкерс 17
Голден стејт 6
Чикаго 6
Сан Антонио 5