Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ, се повреди на подготвителниот меч на неговата селкција против Литванија одигран во „Штарк арена“. Теодосиќ во текот на првото полувреме се пожали на болка, по што веднаш бил однесен во болница на снимање.

Капитенот на „орлите“ ја обновил повредата на тетивата која ги спојува петата и прстите на стапалото која ја доживеа кога го носеше дресот на Лос Анџелес клиперс и поради која пропушти 21 меч за тимот.

Оваа повреда го загрижи селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

– Милош почувствува проблеми со стапалото. Не надевам дека не е ништо страшно, но не можам да кажам дека сум мирен, загрижен сум – рече Ѓорѓевиќ.

Засега нема информација колку е повредата сериозна и колку би можел Теодосиќ да отсуствува од подготовки за Мундобаскетот во Кина кој започнува за 20 дена.