Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се запиша во историјата на НБА-лигата, откако по 51 година стана првиот кошаркар кому му успеало да постигне т.н. трипл-дабл ефект (двоцифрен ефект во три статистички категории) со над 30 поени, но без промашување од игра.

До овој рекорд Јокиќ дојде по блескавата игра за својот тим Денвер во дуелот со Феникс (119-91) во кој постигна 35 коша, имаше 12 скока и 11 асистенции, и притоа не загуби ниту една топка за 30 минути игра. Јокиќ во играта од поле реализирал стоотстотни 11 погодока од 11 шута, од кои три тројки. Единствено промашување му било од линијата за слободни фрлања, од каде што имал реализација 10/11.
Вакво нешто досега постигна само легендарниот Вилт Чембрлен, и тоа во два наврата, во 1966 и во 1967 година. Јокиќ во минатата сезона израмни во уште една категорија со Чембрлен, кога на три меча едноподруго оствари т.н. трипл-дабл, прв играч кому тоа му успеало по таквиот ефект на Чембрлен. Двајцата се единствени центри што една сезона завршиле со повеќе од седум пати остварен трипл-дабл.