Капитените Леброн Џејмс и Кевин Дурент ги избраа петорките и резервите за олстар-натпреварот во кошаркарската НБА-лига кој ќе се одигра в недела, во Атланта.

Џејмс за стартери во својот тим ги избра Јанис Адетокумбо од Милвоки бакс, Стеф Кари од Голден стејт вориорс, односно Лука Дончиќ и Никола Јокиќ од Далас маверикс и Денвер нагетс.

Резерви во тимот на Џејмс се Демијан Лилард (Портланд трејлблејзерс), Бен Симонс (Филалдлефија севентисиксерс), Крис Пол (Феникс санс), Џејлен Браун (Бостон селтикс), Пол Џорџ (ЛА клиперс), Домантас Сабонис (Индијана пејсерс) и Руди Гобер (Јута џез).

Дурент, поради повреда ќе го пропушти натпреварот, негова замена е Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс.

Во почетната петорка на тимот на Дурент се Кајри Ирвинг (Бруклин Нетс), Џејсон Тејтум (Бостон селтикс), Џоел Ембид (Филалдлефија севентисиксерс), Каваи Ленард (ЛА Клиперс) и Бредли Бил (Вашингтон Визардс). Дурент нема да настапи на олстарот поради повреда.

Резерви во овој тим се Џејмс Харден (Бруклин нетс), Девин Букер (Феникс санс), Зајон Вилијамсон (Њу Орлеанс пеликанс), Зек Левин (Чикаго булс), Џулиус Рендл (Њујорк никс), Никола Вучевиќ (Орландо меџик) и Донован Мичел (Јута џез).