Најдобриот кошаркар на Хјустон рокетс, Џејмс Харден, е позитивен на ковид-19, пренесуваат американските медиуми. Претходно беше објавено дека и неговиот соиграч Расел Вестбрук е заразен со коронавирус.

Ѕвездите на „ракетите“ не отпатуваа за Орландо со своите соиграчи, во пресрет на доигрувањето на сезоната во НБА-лигата, но од Хјустон очекуваат тие да им се приклучат на тренинзите во наредните неколку дена, според последните информации.