Аргентинците се првите полу-финалисти на Светското првенство во Кина. Аргентина во четврт-финалето ја надигра фаворизираната Србија 97:97 (25:23, 29:26, 14:18, 29:20).

„Гаучосите“ одиграа шутерски брилијантен меч, особено тоа важи за втората четвртина кога го изрешетаа кошот на противникот со шест тројки од седум обиди. Аргентинците имаа високи 46 отсто погодени шутеви за три поени.

Србите, кои според ФИБА беа први фаворити на турнирот, не успеаја да се изборат со притисокот по поразот од Шпанија. Нападот на Србите и функционираше некако меѓутоа во одбраната беа катастрофални, примија речиси 100 поени.

Аргентина до победата ја предводеше Факундо Кампацо со 18 поени, 6 скока, 12 асистенции и 3 украдени топки. Блескаво издание имаше и 39 годишниот Луис Скола со 20 поени, 5 скока и 2 асистенции.

Двоцифрени беа уште Лука Вилдоза (11 поени), Патрисио Гарино (15 поени) и Габриел Дек (13 поени).

Кај Србите се истакнаа Богдан Богдановиќ со 21 поени, Никола Јокиќ со 16 поени, 10 скока и 5 асистенции, односно Немања Бјелица со 18 поени и 7 скока.

Аргентина во полу-финалето ќе игра со победникот од утрешното четврт-финале помеѓу САД и Франција.