Во рамките на 6-то коло од плејофот во кошаркарската супер лига кошаркарите на Куманово на гостувањето во Скопје загубија од екипата на Работнички со 97:71 (53:29) со што го забележаа и шестиот последователен пораз во супер лигата

Кошаркарите на Куманово и во шестиот натпревар од плејофот во супер лигата доживеаја пораз овој пат можеби очекуван бидејки за противник денеска во градскиот парк во Скопје тие ја имаа силната екипа на Работнички која оваа сезона игра навистина во добра форма особено кога се работи за натпреварите на домашниот терен. На денешниот натпревар кошаркарите на Работнички уште во првото полувреме направија висока резултатска предност и позитива од +24 поени разлика (53:29) која што разлика во продолжението со умешна и рутинска игра успеаја да ја сочуваат до самиот крај и да стигнат до уште една заслужена победа.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на Работнички беа Бобан Стајиќ со 24 и Марјан Јанески со 22 кошови додека пак во екипата на Куманово, Бранислав Џекиќ со 20 и Адем Мекиќ со 12 постигнати кошови

Во наредното 7-то колово плејофот од супер лигата кошаркарите на Куманово на домашен терен играат со екипата на Гостивар.

Т.Д.