КОШАРКА – НБА

Лос Анџелес лејкерс воден од Леброн Џејмс, кој погоди за три поени на една минута пред крајот на мечот од квалификациите за пласман во плејофот во кошаркарската НБА-лига, го победи Голден стејт со 103-100.
Џејмс го заврши мечот со т.н. трипл-дабл (двоцифрен ефект во три статистички категории), со 22 поени, 11 скока и 10 асистенции. Актуелниот првак на НБА-лигата, ЛА лејкерс, во 1-то коло од плејофот сезонава ќе игра против Феникс.
Голден стејт има уште една шанса да се пласира во плејофот, со мечот против Мемфис, кој, пак, го совлада Сан Антонио со 100-96. Подобриот тим од овој квалификациски дуел ќе игра со Јута во 1-то коло на плејофот во НБА.