Во вто­ро­то ко­ло од т.н. топ 16 фа­за на Евро­ку­пот, ти­мот од Ба­да­ло­на го сов­ла­да Нантер со 95-90, а Ди­ми­три­је­виќ има­ше 12 по­е­ни и осум аси­стен­ции

Шпан­ски Ху­вен­туд, во чии ре­до­ви на­ста­пу­ва и маке­дон­ски­от ре­пре­зен­та­ти­вец Не­над Димитријевиќ, е че­кор поб­ли­ску до плас­ман во четврт-фи­на­ле­то во ко­шар­кар­ски­от Евро­куп. „Зеле­но-цр­ни­те“ од Ба­да­ло­на стиг­наа и до вто­ра­та по­бе­да во т.н. топ 16 фа­за од ова нат­пре­ва­ру­ва­ње, отка­ко ја сов­ла­даа до­ма еки­па­та на француски Нан­тер со 95-90 и мо­мен­тал­но се со ма­кси­мал­ни две по­бе­ди во гру­па­та Е, кол­ку што има и француски Мо­на­ко. Уни­ка­ха и Нан­тер се без бо­до­ви.

Ди­ми­три­је­виќ на нат­пре­ва­рот има­ше 12 по­е­ни (1/2 за три, 2/3 за два и 5/5 за еден поен) и со осум аси­стен­ции, за 27,34 ми­ну­ти минати на те­ре­нот.

Во пр­во­то ко­ло Ху­вен­туд бе­ше по­до­бар на го­сти од Уни­ка­ха со 95-86 (Ди­ми­три­је­виќ 13 по­е­ни, се­дум аси­стен­ции), а во след­но­то ко­ло од гру­па­та Е, на 26 ја­ну­а­ри, го пре­че­ку­ва Мо­на­ко. Г.И.