Фаворизираните кошаркари на САД со пораз го почнаа олимпискиот турнир во Токио откако беа совладани од Франција со 76-83.

Ова е прв пораз за Американците на Игрите уште од 2004 година кога загубија од Аргентина.

Еван Фурние постигна 28 поени, Руди Гобер забележа 14 поени и девет скока, а Нандо де Коло уфрли 13 поени за Франција. На спротивната страна предничеше Џру Холидеј со 18 поени, додека Бем Адебајо оствари дабл-дабл ефект со 12 поени и 10 скока.