Кошаркарите на Фенербахче ќе го бранат трофејот во Евролигата во финалето на Фајнал форот во Белград, откако вечерва го победија Жалгирис со 76:67 (19:13, 20:20, 15:17, 22:17).

Екипата на Жељко Обрадовиќ ја оправда улогата на фаворит против жилавиот Жалгирис и ја однесе победата во преполната арена во Белград, која беше целата обоена во жолто заради големиот број на турски навивачи.

Реал Мадрид вечерва го совлада тимот на ЦСКА Москва (92-83), втора година по ред елиминирајќи го фаворитот од Русија уште во полуфиналето од овие фајналфор турнири.

Серхио Љуљ и Лука Дончиќ беа најзаслужните за големата победа со по 16 поени, исто толку кај ЦСКА имаа Клибурн и Хајнс, додека најефикасен на натпреварот беше Нандо де Коло со 20 поени.