Турскиот кошаркарски клуб, Фенербахче официјално објави дека целата екипа и стручниот штаб ќе бидат тестирани од коронавирусот откако е утврдено дека дел од членовите на тимот имаат симптоми на заразата.

Турција дури во четвртокот ги прекина сите национални првенства, меѓу кои и кошаркарското, по апелот на играчите и тренерите.

Фенербахче на 8 овој месец играше против Бешикташ, а на 15-ти, пред шест дена против Тофаш.

Од клубот додаваат дека јавно ќе ги објават резултатите од тестирањето.

Во Турција досега има 670 заболени од коронавирус, а 9 луѓе починаа.