Турскиот кошаркар Енес Кантер, кој настапува за Њујорк Никс, започна кампањата за помош на жртвите од катастрофалните пожари што претходниве денови ја зафатија Грција.

Во кампањата на Кантер можат да се вклучат сите кои со некакви средства би им помогнале на жителите од настраданите подрачја.

Во пожарите кои ги зафатија областите околу грчката престолнина Атина загинаа над 80 лица и беше причинета огромна материјална штета.