МЗТ Скопје минимал го совлада Работнички, со 79-98, а Бадел 1962 славеше на мечот со Баскет КАМ, со 88-72

Кошаркарите на МЗТ Скопје и кошаркарките на Бадел 1962 се победници на Суперкупот на Македонија, кој од годинава го носи името „Драган Василов-Цевка“, а се одигра во салата „Кале“ во Скопје. Аеродромци, кои четврти пат го кренаа славеничкиот пехар во Суперкупот, во мошне возбудлив и докрај неизвесен натпревар, минимално со 79-78 (18-18, 18-19, 31-17, 12-24), славеа против вечниот ривал Работнички.
Најефикасен кај победничкиот состав беше репрезентативецот Адем Мекиќ, со 27 поена, седум скока и две асистенции. Пехарот и медалите на победничката екипа им ги предаде претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Перо Антиќ.
Кошаркарките на Бадел 1862 во премиерното женско издание се први освојувачи на купот „Драган Василов-Цевка“, откако го совладаа својот голем ривал Баскет КАМ (кој е актуелен шампион на Македонија, a триумфира и во домашниот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“), со 88-72 (22-19, 27-14, 17-17, 22-22). Во победничката екипа најдобра беше Ивана Кметовска, со 26 коша, 12 скока и три асистенции.