Со добра подготовка и позитивна енергија сметам дека имаме добри шанси за пласман на Европското првенство, вели репрезентативниот бек Дамјан Стојановски

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација по пристигнувањето во рускиот град Перм во понеделникот полека се аклиматизира на новите услови и она што ја очекува во решавачкиот квалификациски турнир (од утре до понеделник) за пласман на Европското првенство (ЕП), в година. Селекторот Александар Тодоров вчера го одработи и првиот претпладневен шутерски тренинг со сите 15 кошаркари.
– Со добра подготовка и позитивна енергија сметам дека имаме добри шанси за пласман на Европското првенство. Четири натпревари во пет дена е многу напорно темпо, но немаме многу голем избор. Токму поради тоа, добро е што се јавија сите повикани играчи за секој да помогне за ЕП. Поголем состав на ваков турнирски систем на натпреварување многу значи, особено ако се знае дека играме четири натпревари за пет дена. Сметам дека на секој натпревар треба да влеземе максимално подготвени, а доколку оствариме некоја победа пред средбата со Естонија, тоа ќе биде од големо значење за нас – вели репрезентативецот Дамјан Стојановски.
Селекторот на репрезентацијата на Русија, Сергеј Базаревич, го соопшти списокот со 16 кошаркари што ќе настапат во Перм. Повеќето (четворица) се од Нижни Новгород. Македонија го почнува турнирот со дуелот со Италија утре, потоа в петок е мечот со Русија, в недела одново со Италија, а в понеделник со Естонија.