Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, поради повредата подолго од очекуваното ќе отсуствува од натпреварите.

Кари се повреди на 23 март, па беше јасно дека Голден Стејт нема да може да смета на него за почетокот на плејофот и натпреварите против Сан Антонио Спарс, но беше најавено дека ќе биде подготвен за втората рунда.

Меѓутоа според последните информации заздравувањето на 30-годишниот кошаркар е побавно од очекувањето и би играл дури во евентуалното финале на Западната конференција.

Тој во следниот перид треба да се појави на контрола, по што ќе се знае точниот период на неговото враќање.

Голден Стејт и без Кари постигна серија од 3-0 против Сан Антонио.