Двојниот МВП во НБА лигата, играчот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари им откри на медиумите во САД дека тој бил првиот кошаркар во лигата кој бил тестиран на коронавирусот.

– На петти март го одиграв својот прв натпревар во НБА, по повредата, а гласините за вирусот беа раширени низ лигата. Таа ноќ не се чувствував добро, а температурата ми беше висока и се уште растеше. Си помислив, зарем е ова можно, само што се вратив на теренот, а вака не би можел да му помогнам на семејството. Сепак, за среќа, тестот беше негативен, но целото искуство ме потресе – изјави Кари за американски „Тајмс“.

Кари бил тестиран на 6 март, пет дена пред да биде објавено дека центарот на Јута, Руди Гобер е заразен со коронавирус, по што беше прекината сезоната.

– Имаме можност да покажеме дека сме хумани, иднината на светот зависи од тоа колку сме подготвени да помогнеме – вели Кари.

Стеф и неговата сопруга Аиша водат добротворна фондација која засега обезбеди милион оброци за загрозените во Оукленд, град каде се наоѓа семејството на НБА кошаркарот.