КОШАРКА

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има можност на домашен терен да се избори за пласман во главниот дел од квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година. Имено, бордот на ФИБА Европа, донесе одлука Скопје да биде домаќин на еден од турнирите, како дел од претквалификациите за пласман на СП во 2023 година. Во „балонот“ во Скопје, во групата Ф, македонската репрезентација ќе игра со Швајцарија (12 август) и со Словачка (14 август), а на 16 и 18 август треба да одигра уште по еден меч со овие две селекции.
Првопласираните две репрезентации обезбедуваат место во квалификациите за СП. Преостанатите три претквалификациски турнири ќе се играат во Португалија, Летонија и во Црна Гора.