Репрезентацијата на САД за кошаркари до 19 години е нов светски првак по победата во финалето на СП во Грција, против Мали, со 93-79. За САД тоа е седма титула во оваа категорија. СП за кошаркари до 19 години се играат од 1979 година, а по една титула имаат селекциите на СФРЈ, Грција, Шпанија, Австралија, Србија, Литванија и Канада. Репрезентацијата на САД е светски првак и во категоријата до 17 години (од Мундијалот во 2018 година).