Леброн Џејмс освои две злата од ЛОИ

На листата има 44 кошаркари, меѓу кои играчи со вкупно 31 златен медал од ЛОИ и од СП, вклучувајќи и деветмина што освоија злато на ЛОИ 2016, сето тоа во обид по седмото место лани на СП, годинава да се освои четвртото олимписко злато во низа

Кошаркарската федерација на САД го објави списокот со 44 кошаркари, кандидати за настап на Летните олимписки игри во Токио летово. Конечниот список ќе содржи 12 кошаркари, кои ќе се борат за четвртото олимписко злато во низа.
САД го освои седмо место на минатогодишното Светско првенство (СП) во Кина, кога голем дел од НБА-ѕвездите го откажаа својот настап за националниот тим. За да не им се случи слична ситуација и на ЛОИ, селекторот Грег Поповиќ направи листа од 44 кошаркари.

Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Џејмс Харден, Ентони Дејвис, Расел Вестбрук, Каваи Ленард, Пол Џорџ, Стеф Кари, Кајл Лаури, Џејмс Батлер, Клеј Томпсон, Демијен Лилард, Херисон Барнс, Кемба Вокер… се само дел од групата кошаркари, која зад себе има освоен 31 златен медал, од летни олимписки игри и од светски првенства, вклучувајќи и деветмина што освоија злато на ЛОИ 2016 во Рио де Жанеиро.

Кошаркарската репрезентација на САД последниот пораз на ЛОИ го имаше на Игрите во Атина во 2004 година, кога во полуфиналето загуби од Аргентина со 89-81.