Од денеска до 15 септември на СП во кошарка во Кина првпат ќе настапат рекордни 32 селекции, поделени во осум групи. Според рангирањето што го направи ФИБА, фаворит за златото е Србија, а следуваат САД, Шпанија, Франција, Грција, Литванија итн.

Светското првенство (СП) во кошарка во Кина, 18-то по ред, може да започне. Од денеска до 15 септември на него првпат ќе настапат рекордни 32 национални селекции, поделени во осум групи. Седум од нив се од Јужна и Северна Америка, осум од Азија и Океанија, пет од Африка и 12 од Европа. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза, во која ќе бидат формирани нови четири групи, а најдобрите две репрезентации од двете групи одат во последната нокаут-фаза. Главната фаза ќе започне на 10 септември со четвртфиналните дуели. Натпреварите ќе се играат во девет града, а завршницата во Пекинг.

Според рангирањето што го направи Светската кошаркарска Федерација (ФИБА), пред почетокот на СП, а имајќи ги предвид подготвителниот период и резултати, играчите што ќе настапат, нивната форма и други фактори, прв фаворит е Србија, а следуваат САД (за три месеци дури 39 играчи го откажаа настапот), Шпанија, Франција, Грција, Литванија, Аргентина, Русија, Австралија и Бразил.
Според направената статистика на „Еурохупс“, на ова СП најмногу НБА-кошаркари имаат САД (сите), потоа Србија и Франција (по пет), Австралија и Шпанија (по четири), Турција, Нигерија, Канада, Германија (по три), Јапонија, Бразил, Литванија, Италија, Грција (по два), Црна Гора, Чешка, Порторико (по еден). Во своите редови немаат ни еден НБА-играч 15 репрезентации. Најтрофејна селекција е САД, која досега има освоено пет злата, три сребра и четири бронзи. 


Групи – состав
А: Б.С.Коска, Полска, Кина, Венецуела
Б: Русија, Аргентина, Јужна Кореја, Нигерија
Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Е: Турција, Чешка, САД; Јапонија
Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Г: Доминиканска Р., Франција, Германија, Јордан
Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија

Двојки 1. коло (денеска)
А: Полска – Венецуела, Б.С. Коска – Кина
Б: Русија – Нигерија, Аргентина – Ј. Кореја
Ц: Иран – Порторико, Шпанија – Тунис
Д: Ангола – Србија, Филипини – Италија
Двојки, 1. коло (утре)
Е: Турција – Јапонија, Чешка – САД
Ф: Нов Зеланд – Бразил, Турција – Ц. Гора
Г: Доминиканска Р. – Јордан, Франција – Германија
Х: Канада – Австралија, Сенегал – Литванија