Познати се 15-те кошаркарски репрезентативци на кои романскиот селектор Тудор Костеску може да смета на последните два претквалификациски дуела, против Македонија (21 февруари во Плоешти) и Косово (24 февруари во Приштина), во рамките за главните квалификации за Европското првенство (ЕП) во 2021 година. На романскиот список нема изненадувања, освен што во составот се враќаат повредените Емануел Кате и Богдан Николеску, додека неизвесен е настапот на Јулијан Орбеану.

Шпекулациите што се појавија во јавноста дека е можно во селекцијата да се појави и извонредниот американски центар, кој игра за ЦСКА од Москва, Вил Клејбурн и дефинитивно паднаа во вода. Најголемата опасност за македонскиот кош ќе доаѓа од Ватсон, Кате, Николеску, Драгосте.

Македонија во групата Б е водечка со шест бода (Романија и Косово имаат по три) и за да се пласира на главните квалификации за ЕП, не треба да загуби во Плоешти со повеќе од 13 поени. На мечот во Скопје, жолто-црвените убедливо славеа со 90-76, а најефикасни беа Војдан Стојановски со 21 и Ватсон со 17 поени. 


Романија – состав
Џордан Ватсон (Орадеа)
Раду Вирна (Стеауа)
Тудор Георге (Питешти)
Нандор Кути (Клуж)
Мирел Драгосте (Сибу)
Богдан Николеску (Орадеа)
Драгош Дикулеску (Темишвар)
Раду Паличиук (Питешти)
Роланд Торок (Клуж)
Јулијан Орбеану (Питешти)
Даниел Јонита (Динамо Бук.)
Богдан Попа (Крајова)
Каталин Бачиу (Темишвар)
Емануел Кате (Мурсија)
Александар Олах (Мехелен)