Работнички славеше на гости против Куманово со 82-68 и поведе со 2-0 во победи полуфиналната серија од кошаркарскиот плејоф.

Гостите доминираа во текот на целиот натпревар, а уште по првата четвртина имаа предност од високи 16 поени (28-12). Куманово во натамошниот тек немаше сили за пресврт.

Кај гостите најефикасен беше Чавдар Костов со 20 поени и шест скока, а Маркус Гинјард постигна 18 коша, додека Марјан Јанески со 17 поени беше најдобар стрелец кај Куманово.

Третиот натпревар од оваа полуфинална серија се игра в понеделник во салата „Градски парк“ во Скопје. Доколку Работнички оствари уште еден триумф ќе обезбеди пласман во финалето. Т.Д.