Кошаркарите на Куманово вечерва загубија од Работнички со 70-72 (37-36) на домашен терен , со што го претрпеа првиот пораз во новата сезона, во рамките на 3-то коло.

Во вечерашниот натпревар победникот беше одлучен во последната минута кога домашните кошаркари пропуштија голема шанса за победа. Гостите од Скопје, се чини дека стигнаа до победата благодарение на, во моментов, за нијанса посилниот состав од екипата на Куманово. Вечерва во нивниот состав блескаше Американецот Бенџамин Двејн кој постигна 31 поен и воедно беше и најдобриот кошаркар на натпреварот.

Најефикасни кошаркари на Куманово беа Марјан Младеновиќ со 17 и Филип Стојановски со 15 поени.

Во наредното 4-коло, кошаркарите на Куманово на гостински терен се среќаваат со шампионот МЗТ во Скопје. Т.Д.