Во поразот од Бостон не играше, но на крајот на првата четвртина на мечот меѓу Атланта и Индијана легендарниот Винс Картер стана од клупата, влезе на паркетот и со тоа стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој заиграл во 4 различни декади.

Картер на 26 овој месец ќе наполни 43 години, а ова му е 22 сезона во НБА.
На драфтот во 1998 година како петти го избраа Голден Стејт Вориеорс и веднаш го испратија во Торонто. Поради локаутот и скратената сезона, дебитираше дури во 1999 година.

Со дотогаш невидените забивања стана најпопуларен играч во НБА, а Торонто и Канада ги стави на врвот на кошаркарската мапа. Потоа играше и за Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто, а ова му е втора сезона во Атланта.