Ре­чи­си бес­пре­кор­ни­от Беј­лор во го­ле­мо­то фи­на­ле на уни­вер­зи­тет­ски­от НЦАА-шампионат на САД во ко­шар­ка, оди­гра­но во Ин­ди­ја­но­по­лис, го сов­ла­да со 86-70 Гонзага, кој, пак, прет­ход­но има­ше 31 по­бе­да во ни­за се­зо­на­ва. За Уни­вер­зи­те­тот Бејлор ова е пр­ва ти­ту­ла.

По­бед­нич­ки­от тим до­ми­ни­ра­ше на те­ре­нот си­те 40 ми­ну­ти, пред­во­ден од Џе­ред Бат­лер (22 ко­ша, се­дум аси­стен­ции), Деј­ви­он Ми­чел (26 по­е­на, шест ско­ка, пет аси­стен­ции), Меј­си Тиг (19 ко­ша) и Адам Фле­грел (13 по­е­на). Гон­за­га не ус­пеа да ста­не вто­ра еки­па во исто­ри­ја­та што до пе­ха­рот стиг­на­ла без ни­ту еден за­гу­бен меч, по Уни­вер­зи­те­тот Инди­ја­на во 1979 го­ди­на, ко­ја ја пред­во­де­ше ле­ген­дар­ни­от Ла­ри Бирд.

Најм­но­гу ти­ту­ли во исто­ри­ја­та има ко­ле­џот УКЛА (11), сле­ду­ва­ат Кен­та­ки (осум), Север­на Ка­ро­ли­на (шест) итн. Во оваа ли­га се­зо­на­ва на­ста­пи и ма­ке­дон­ски­от ко­шар­кар Ан­дреј Ја­ки­мов­ски, за еки­па­та на Ва­шин­гтон стејт. Г.И.