Во рамките 9-то коло од плејофот во кошаркарската супер лига кошаркарите на
Куманово вечерва на домашен терен ја совладаа екипата на Кожув со 87:74 (40:36)
со што ја постигнаа првата победа во плејофот во супер лигата

Кошаркарите на Куманово вечерва дури во предпоследното коло од плејофот но и во
последното коло на домашен терен во оваа сезона ја постигнаа првата победа
совладувајки ја екипата на Кожув од Гевгелија со 87:74. Но вечерашниот натпревар
започна лошо за домашната екипа на Куманово бидејки гостинските кошаркари во
првата четвртина одиграа навистина добро и ја добија со позитива од +10 разлика
(23:13) по што веднаш потоа домашните кошаркари како да се разбудија и во втората
четвртина возвратија со иста мера (27:13) по што на полувреме заминаа со преденост
и водство од 40:36. Во продолжението во третата четвртина домашните кошаркари
продолжија во исто темпо како и во втората четвртина па и третата четвртина ја добија во своја корист со 27:17 по што во последната четвртина влегоа малку по релаксирано со предност од +14 кошови (67:53). Потоа во последната четвртина домашните кошаркари со рутинска игра и покрај тоа што истата четвртина ја изгубија со негатива од еден кош (20:21) успеаја да го сочуваат водството до самиот крај и сосема заслужено да стигнат до својата прва победа во плејофот.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на Куманово беа
Бранислав Џекиќ со 23 и Адем Мекиќ со 20 кошови додека пак кај екипата на Кожув,
Владимир Ивеља и Јетмир Зекири со по 11 постигнати кошови. 

Во наредното последно 10-то коло во плејофот од супер лигата екипата на Куманово
на гостински терен игра со екипата на Блокотехна во Гевгелија.

Т.Д.