Стартуваше преодниот рок на слободни агенти во кошаркарската НБА-лигата. Уште во првите неколку часа се случија неколку интересни договори.

Бојан Богдановиќ од Индијана Пејсерс се сели во Јута џез. Хрватскиот репрезентативец ќе потпише четири годишен договор вреден 73 милиони долари. Богдановиќ годишно ќе заработува нешто повеќе од 18 милиони долари со што стана најплатениот хрватски спортист во историјата.

Поранешниот МВП, Дерик Роуз од Минесота оди во Детроит Пистонс. Роуз потпишал две годишен договор за 15 милиони долари.

Харисон Барнс реши да остане во Сакраменто Кингс. За четири години од тимот од Калифорнија Барнс ќе добие 85 милиони долари.

Милвоки Бакс ги задржаа Крис Мидлтон и Брук Лопез. Мидлтон потпиша одличен договор, за пет години ќе инкасира 178 милиони долари, додека Лопез ќе добие 52 милиони долари за четири години.

Бостон Селтикс бргу најдоа замена за Кајри Ирвинг. Нов играч на најтрофејната франшиза е Кемба Вокер. Сега веќе екс играчот на Шарлот од Селтикс ќе добие 141 милиони долари за четири години.