Пилотот на хеликоптерот им кажал на контролорите на летање дека се искачува за да избегне слој на облаци, во неговата последна радио-порака пред падот, изјави истражителот за несреќи. Недолго потоа хеликоптерот се срушил во близина на Лос Анџелес, при што загинаа поранешната НБА-суперѕвезда, Коби Брајант и осуммина други.

Според податоците од радарот се навестува дека хеликоптерот достигнал висина од 700 метри пред спуштањето, според Џенифер Хоменди од Националниот одбор за безбедност при транспортот за време на прес-конференцијата вчера попладне.