На денешен ден во 2000 година легендарниот НБА-кошаркар, Винс Картер, го изведе спектакуларното забивање преку играчот на Франција, Федерик Вајс.

Познатиот потег наречен забивање на смртта Картер го изведе на Олимписките игри во Сиднеј на мечот меѓу САД и Франција.

Картер, кој е висок 1,98 метар, го прескокна противникот, кој е повисок од него цели 20 сантиметри и го заби баскетот во обрачот.

– Картер заслужи да испише историја, за жал, и јас бев дел од тоа видео. Тогаш научив дека луѓето може да летаат -V изјави Вајс по мечот.

Секогаш кога се расправа за тоа кое е најдоброто забивање, потегот на Картер секогаш е при врвот.