Ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник МЗТ Скоп­је, кој на­ста­пу­ва во Вто­ра­та АБА-ли­га, мо­же вед­наш да би­де про­мо­ви­ран во „пр­во­ли­гаш“ во слу­чај не­кој од ти­мо­ви­те да се отка­же

Собранието на кошаркарската АБА-лига одлучи да го откаже продолжението на натпреварувачката сезона 2019/2020 во АБА-лигата, Втората АБА-лига и АБА-лигата до 19 години, без да се именуваат шампиони во сите натпреварувања.
– Присуството и развојот на коронавирусот сѐ уште носи голем број ограничувачки фактори. Во тој поглед, државите што ги опфаќаат натпреварите во АБА-лигата не се во иста ситуација, клубовите се ставени во различни позиции, ги ограничува можностите за нивно собирање по повеќе од два месеца, што се и клучни фактори за безбедно продолжување на сезоната – се вели во соопштението на Собранието на лигата.

За дополнително зајакнување на конкуренцијата, Собранието на лигата донесе одлука АБА-лигата во сезоната 2020/2021 да биде проширена на 14 клуба. Покрај 12-те клуба од оваа сезона, специјални покани за следната сезона им се доделени на Борац од Чачак и Сплит.
Во следната сезона 12 клуба ќе се натпреваруваат во Втората АБА-лига, врз основа на резултатите во нивните национални шампионати. Сите шест држави под покровителство на натпреварувањето во АБА-лигата (Словенија, БиХ, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Србија), ќе имаат по двајца претставници.

Во случај клубовите што го стекнале ова право врз основа на резултатите, да го откажат учеството, слободните места ќе бидат пополнети со посебни покани. Македонскиот претставник МЗТ Скопје, кој настапува во Втората АБА-лига, може веднаш да биде промовиран во „прволигаш“ во случај некој од тимовите да се откаже.