Кошаркарот на Далас Маверикс, Дирк Новицки, истакна дека се чувствува одлично и дека за овој клуб планира да ја одигра и 21-та сезона.

Германецот има договор за уште една сезона, иако во јуни ќе наполни 40 години.

– Како стојат нештата планирам да играм, токму затоа потпишав и двогодишен договор. Се чувствувам одлично, а оваа сезона пропуштив само еден натпревар – потенцира Новицки.

Сезонава легендарниот германски кошаркар играше на 72 натпревари, а во просек на теренот помина по 26,4 минути. Тој оствари во просек по