Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) на сезоната во НБА-лигата. НБА наскоро ќе му ја врачи наградата на српскиот репрезентативец.

Јокиќ во регуларниот дел од сезонава ги одигра сите 72 натпревари, во просек бележејќи по 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции.

Никола Јокиќ е најниско рангираниот играч на драфтот кој станал МВП. Во 2014 година, Денвер го избра како 41. пик на драфтот. Исто така, тој е првиот МВП, по Коби Брајант во 2008 година, кој ги одиграл сите натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Оваа сезона тој се наоѓа меѓу најдобрите пет стрелци, скокачи и асистенти.

Јокиќ е третиот играч од Европа кој го добил ова престижно признание, пред него тоа им успеа на Дирк Новицки и на Јанис Адетокумбо (во два наврата).