Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен на својот Твитер профил објави фотографија на ѕвездата на тимот Нејмар со четирикратниот МВП во НБА лигата Леброн Џејмс.

Бразилецот му подари на 33-годишниот кошаркар дрес од ПСЖ со бројот 23.

За потсетување, ова лето Леброн се пресели од Кливленд во Лос Анџелес Лејкерс потпишувајќи четиригодишен договор за 154 милиони долари.