Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс Леброн Џејмс повторно нагласи пред медиумите дека за сè е потребно време, откако 16-кратниот шампион сé уште не го почуствувал вкусот на победата и ги загуби првите три натпревари во новата сезона од кошаркарската НБА-лига.

За последен пат, „кралот“ загубил три последователни натпревари на стартот на сезоната 2004/2005, кога ја играше втората година како професионалец во дресот на Кливленд.

– Јасно ми е со што се зафатив. Сето ова е процес. Јас го разбирам многу добро и сè ќе биде во ред. Јас не дојдов тука мислејќи дека ќе бидеме брилијантни и ќе доминираме од самиот почеток. Ова е процес кој одзема многу време и го знам тоа, изјави Леброн по поразот од 142-143 од Сан Антонио по продолжението.

Следниот натпревар на Лејкерс е со Феникс.