Кајл Кузма (лево) и Богдан Богдановиќ

Богдан Богдановиќ за Кајл Кузма, ваков трејд на релација Сакраменто кингс – Лос Анџелес лејкерс најавуваат американските медиуми. Според новинарот на „Њујорк Тајмс“, Марк Стајн, за Кузма бил заинтересиран Сакраменто, а Лејкерс немале ништо против доколку во трејдот Кингс го вклучат Богдановиќ.

Други извори тврдат дека Сакраменто не сака трејд „играч за играч“, сметајќи дека Богдановиќ вреди повеќе, па покрај Кузма сакал уште еден играч на Лејкерс, најверојатно Квин Кук или Ејвери Бредли.

Богдановиќ летово одби да потпише нов договор со Кингс за 52 милиони долари, сметал дека во друга франшиза ќе добие повеќе пари. Од друга страна Кузма, со доаѓањето на Ентони Дејвис е трета, некогаш и четврта опција во нападот на Лејкерс.

Српскиот бек сезонава има просек од 14,5 поени, три скока и 3,6 асистенции, а Кузма бележи 11,8 поени, 3,5 скока и 0,8 асистенции по натпревар.