Македонската младинска репрезентација (за кошаркари до 20 години), утре ги почнува натпреварите на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, што се игра во Софија, Бугарија. Црвено-жолтите се наоѓаат во групата А заедно со селекциите на Азербејџан, Белгија, Летонија и на Белорусија.

Првиот ривал е Летонија, меч што се игра утре со почеток во 19.30 часот. Четирите најдобри селекции од секоја од четирите групи одат понатаму во разигрувањето.
Младите кошаркари предводена од селекторот Никола Василев, претходно се подготвуваа во Скопје и во Маврово, а одиграа и пријателски средби против Бугарија (72-68 и 60-62), Унгарија (80-82 и 50-67), Црна Гора (53-77), Русија (51-91), сите надвор од Македонија. Двата последни подготвителни меча беа во Скопје против Романија и завршија со две победи на Македонците (79-66 и 75-66).