На уште неколку кола пред крајот на регуларната сезона во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА-лигата, синоќа се одиграа само два натпревари.

Тимот на Бруклин нетс како гости го надиграа Милвоки со 133:128. „Елените“ играа без големата ѕвезда Јанис Антетокумпо кој го пропушти дуелот поради проблем во потколеницата. Нетси, од друга страна, мораа да победат за да останат во добра позиција во борбата плејофот.

Дуелот започна подобро за Бруклин, кој поведе со 34:26 по крајот на првиот дел. Во втората четвртина, домаќините покажаа подобра игра и на паузата беше 66:65 во корист на гостинската екипа. Сепак, Нетси експлодира со 42 поени во третата четвртина и покрај отпорот на Бакс, на крајот, успеаја да го добијат натпреварот.

Најдобар кај гостите беше Д’Анџело Расел кој заврши со „дабл-дабл“ учинок – 25 поени и 10 асистенции, а Лаверт додаде 24 од клупата. За Милвоки, Ерик Бледсоу исто така запиша „дабл-дабл“ – 33 поени и 11 асистенции, а Крис Мидлтон – 24, тоа не беше доволно за избраниците на Мајк Баденхолзер, за кои ова беше само седми пораз дома во сезоната.

Тимот веќе си го обезбеди првото место како во Источната конференција, додека Бруклин веќе е со еднаков биланс – 40-40 (победи-порази) на шестата позиција, и има ист учинок како седмиот Орландо меџик, а на се наоѓаат и на победа пред Детроит пистонс и на три пред Мајами хит. Во нивните следни дуели, Нетс оди на гости кај Индиана пејсерс, додека Бакс се домаќини на Атланта хокс.

Во другиот натпревар од вечерта, Филаделфија постигна очекувана победа како гостин на Чикаго булс со 116: 96. Џеј Џеј Редик постигна 23 поени за победниците, а Џоел Ембид реализираше 20 поени и 10 скока. За Чикаго, Џакар Сампсон се истакна со 29 поени и додаде 8 скокови.