Фото: МЗТ Скопје

МЗТ Скопје Аеродром стигна до својата осма титула шампион на Македонија, откако го доби и третиот меч од финалето со Еуро Никел, победувајќи со 89-78 (21-23, 25-21, 25-18, 18-16), завршувајќи ја финалната серија со максимални 3-0 во победи.

За „металците“ ова е осма титула, по трофеите во 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019, а исто така е потврда на доминацијата во домашната кошарка, откако годинава го освоија и Купот на Македонија.

Мечот во „Јане Сандански“, без присуство на публика, започна со минута молк за поранешниот кадетски ракометен репрезентативец, Марко Божиновски, кој почина минатата недела на 20-годишна возраст, бидејќи тој беше познат како голем навивач на МЗТ.

Андреј Магдевски беше најефикасен на мечот со 21 поени и 5 скока, Бојан Крстевски додаде 16, додека кај Еуро Никел, Караколев и Рикиќ имаа по 16 поени.