Екипата на МЗТ Скопје немаше проблеми и го совлада Кожув со 89:62 во кошаркарскиот Куп на Македонија, со што си закажа полуфинале против вечниот ривал, Работнички.

Тимот од „Градски парк“ претходно го совлада Куманово со 104:80.

„Металците“ тргнаа силно и шрвиот дел го добија со 14 разлика (24:10), а потоа предноста само се зголемуваше, за да на крајот да слави со убедливи 27 разлика.

Најефикасен кај тимот од Аеродром беше Дамјан Стојановски со 15 поени, по десет реализираа Младеновски и Самарџиски. Во составот на Кожув, Вилијамс постигна 15 поени.

Утрешното полуфинале се игра од 20:15 часот во Гевгелија.