Машката македонската кошаркарска селекција за играчи до 18 години и во четвртиот натпревар на Европското првенство Б-дивизија во Романија забележа победа. Нашите кошаркари со беа подобри од Словачка со резултат од 83- 58.

Избраниците на селекторот Тони Симиќ со денешниот триумф, кој е четврти во исто толку мечеви, го потврдија првото место во групата.

Македонските кошаркари одиграа одлична втора четвртина и на полувреме се замина со предност од 12 поени, поточно 42-30.

Во продолжението од натпреварот предноста се зголемуваше, а во последната четвртина нашите кошаркари стигнаа до убедливиот триумф.

Најефикасни во нашиот состав беа Дарио Митевски и Андреј Јакимовски со по 10 поени.

Во последното коло македонската репрезентација ќе игра против Данска.