Фото: КФМ

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година. На денешната ждрепка влечена во Миенс, Швајцарија, Македонија за ривали во групата Г ги доби актуелниот светски првак Шпанија, како и Грузија и Украина.

Пласман во вториот квалификациски круг ќе изборат три селекции. Групата Г потоа ќе вкрсти со групата Х во која се Италија, Русија, Холандија и Исланд. Во вториот круг се пренесуваат бодовите освоени во групата. Пласман на Мундијалот ќе изборат по три најдобри селекции од новоформираните групи.

Квалификациите ќе се играат од ноември годинава до февруари 2023 година.

Светското првенство ќе се одржи од 25 август до 10 септември 2023 година во Индонезија, Филипини и Јапонија.

Квалификациски групи за СП во 2023 година

Група А: Србија, Летонија, Белгија, Словачка
Група Б: Грција, Турција, Велика Британија, Белорусија
Група Ц: Словенија, Хрватска, Финска, Шведска
Група Д: Германија, Полска, Израел, Естонија
Група Е: Франција, Црна Гора, Унгарија, Португалија
Група Ф: Литванија, Чешка, БиХ, Бугарија
Група Х: Шпанија, Украина, Грузија, Македонија
Група Х: Италија, Русија, Холандија, Исланд