Македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2023 година, откако ја совлада Швајцарија со 67-61 во Скопје, реванширајќи ѝ се за минатонеделниот пораз.

Избраниците на селекторот Драган Бајиќ загубија од Швајцарците во првото коло од претквалификацискиот турнир во Скопје, но по победите над Словачка и Швајцарија обезбедија едно од двете места кои водат во квалификациите.

Македонските кошаркари имаа одличен старт, поведувајќи со 12-4, пред Швајцарците да се вратат во игра и да намалат на 17-20, за на полувреме да се отиде со нова висока предност од 39:26. Македонските кошаркари ја задржаа предноста во второто полувреме, иако Швајцарците се доближија на пет поени разлика.

Македонија ќе го заврши претквалификацискиот турнир во Скопје со мечот против Словачка што се игра задутре.