Кадетската репрезентација на Македонија за кошаркари до 16 години убедливо ја совлада Белгија со 68:80 на Европското првенство (дивизија Б) што се одржува во Сараево.

Избраниците на Александар Јованчев го диктираа темпото на игра во речиси целиот натпревар.

Единствено мал пад во контролата на играта имаа по паузата, но во финишот на натпреварот македонските кошаркари се фокусираа и остварија убедлива победа од 68:80.

Македонија вчера претрпе пораз од Русија, а утре ќе се соочи со репрезентацијата на Словачка.