Во првиот натпревар, Македонија денеска игра против Хрватска (17 ч.), а во вториот се среќаваат Данска – Унгарија (20 ч.). Финалниот дуел е закажан за утревечер (20 ч.), а претходно (17 ч.) ќе се одигра мечот за третото место, меѓу поразените полуфиналисти

ОДБОЈКА

Македонската одбојкарска репрезентација е пред последните две скалила и две победи на патот до триумф во Сребрената лига. Во Струмица, во салата „Парк“, денеска и утре ќе се игра завршниот фајналфор-турнир, на кој ќе настапат Македонија, Данска, Хрватска и Унгарија. Во првиот натпревар, Македонија игра против Хрватска (17 ч.), а во вториот се среќаваат Данска и Унгарија (20 ч.). Финалниот дуел е закажан за утревечер (20 ч.), а претходно (17 ч.) ќе се одигра мечот за третото место, меѓу поразените полуфиналисти.
Македонија претходно на двата турнира во групата А, со Данска, Израел и Кипар, забележа пет победи и само еден пораз, од Данска во Струмица, што е добра најава пред натпреварите што претстојат,
– Задоволен сум од прикажаните игри на двата турнира, во добра форма сме. За нас на психолошки план е добро што ѝ се реванширавме на Данска на гости за поразот во Струмица. Исто така битно е и тоа дека македонските одбојкари секогаш даваат максимум кога играат за репрезентацијата. Играме дома, пред наша публика, и се надевам дека сѐ ќе мине во најдобар ред, иако нема да биде нималку лесно – вели селекторот на Македонија, Никола Матијашевиќ.
Во групата Б, Унгарија (скор 5-1) и Хрватска (4-2) беа подобри од Австрија и од Луксембург.
– Унгарците се квалитетна репрезентација, очекувам со нив да се сретнеме во финалето. Тие играат со речиси истиот состав од квалификациите за ЕП 2019, можеби сега се и посилни, им се вратија двајца одлични одбојкари на клучните позиции, техничар и коректор. Хрватите не се комплетни, им недостигаат неколку квалитетни играчи, но никако не смеат да се потценат, нема да биде лесно – потенцира Матијашевиќ.
Македонија во оваа конкуренција трипати беше втора (2015, 2016 и 2017-та), а еднаш трета (2014 година). Триумфот ја води Македонија во Златната лига, следната година.


Ѓоргиев: Очекувам кочено да победиме

Добро одигравме на двата турнира, очекувам конечно да го освоиме и првото место во Сребрената лига. Унгарија и Хрватска се квалитетни репрезентации, но мислам дека Македонија во моментов е подобра. Зад нас се многу натпревари, големо искуство, имаме голема желба и многу мотиви, на домашен терен сите да се радуваме, вели капитенот на Македонија, Никола Ѓоргиев.