Македонија со пораз го заврши настапот во претквалификациите за Евробаскетот во 2021, Швајцарија вечерва славеше со 85-79, но овој резултат е доволен за осовјување на првото место во Групата А, што беше и првичен план на „Црвено-жолтите“.

Македонија ги промаши првите шест шута, а првите поени дојда дури по четири минути игра. Ова резултираше со водство на домаќинот од 26-19 на крајот од првата четвртина. 

Нашите кошаркари најквалитетно одиграа на почетокот од третета четвртина, кога за прв пат поведоа со 53-55. Но потоа следеша тајм-аут на Швајцарија и серија од 7-0 со која домаќините се вратија во позитива.

Избраниците на Давитков се обидоа одново да се вратат во игра, и на три ипол минути до крајот поведоа со 76-77 со тројката на Војдан Стојановски. Но потоа следуваше серија грешки, па Швајцарија се радуваше на триумф од 85-79.