КОШАРКА – ПРЕД УТРЕШНАТА ЖДРЕПКА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2023

Квалификациите за Мундобаскетот ќе се играат во две фази од по три т.н. прозорци, во периодот од ноември годинава до февруари 2023 година, но со поинаков начин отколку досега

Квалификациите за Светското првенство (СП) во кошарка ќе се играат во две фази од по три т.н. прозорци, во периодот од ноември годинава до февруари 2023 година. СП ќе се игра во Филипини, Јапонија и во Индонезија, а ждрепката за квалификациските групи треба да се влече утре. Македонија е во осмиот барабан пред ждрепката.
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) одлучи да го смени системот на квалификации, па така во првата фаза 32 репрезентации во европските квалификации ќе бидат поделени во осум групи со по четири селекции. Првопласираните три репрезентации од секоја група ќе се пласираат во втората фаза на квалификациите, каде што ќе бидат распределени во четири групи со по шест национални тима, но притоа тие ги пренесуваат бодовите освоени од првата фаза.

Пласман на Светското првенство обезбедуваат првите три репрезентации од новоформираните групи, односно од втората фаза, што значи дека селекцијата на Македонија предводена од селекторот Драган Бајиќ, секако дека ја очекуваат први, историски, но тешки квалификации, со оглед кои сѐ ривали се во другите седум барабани.

Првата етапа ќе се игра од 20 до 30 ноември годинава, потоа од 21 февруари до 1 март 2022 година и потоа од 27 јуни до 5 јули в година. Во втората етапа ќе се игра од 22 септември до 30 август 2022 година, потоа од 7 до 15 ноември 2022 година и од 20 до 28 февруари 2023 година, со по два натпревари во секој прозорец.

Ждрепката за квалификациите за Светското првенство ќе се влече утре од 12 часот, во куќата на кошарката „Патрик Бауман“ во градот Миес (Швајцарија), а на неа првпат ќе учествува и македонската репрезентација. Македонија ја доби можноста да игра за место меѓу најдобрите селекции во светот со освоеното прво место на неодамна завршениот претквалификациски турнир во Скопје, кога го освои првото место во групата во која беа и репрезентациите на Словачка, која, исто така, се пласира во квалификациите, и на Швајцарија.


СОСТАВ НА БАРАБАНИТЕ
Прв: Шпанија, Франција, Словенија, Србија
Втор: Литванија, Грција, Италија, Германија
Трет: Чешка, Полска, Русија, Турција
Четврти: Хрватска, Украина, Летонија, Црна Гора
Петти: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија
Шести: Израел, БиХ, Велика Британија, Холандија
Седми: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија
Осми: Македонија, Словачка, Португалија, Шведска